Промоцијата на проектот ” Создавање на можности за вработување на млади во рурални средини”

П О К А Н А

Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на фармерите на Република Македонија во соработка со Општина Крива Паланка, а поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, со задоволство Ве покануваат на

Саем на кариера и

Промоција на проект:

Создавање на можности за вработување на младите од руралните средини

19 мај, 2016 (четврток), 11:00 часот

Голема Општинска Сала, Општина Крива Паланка

Настанот има цел да ги вмрежи младите невработени од Североисточниот плански регион, со фокус на младите од руралните средини, со компании кои работат во истиот регион.

На настанот ќе бидат презентирани главните резултати и заклучоци од истражувањата и анализите кои беа спроведени во рамките на Проектот, а се однесуваат на пазарот на труд во СИПР.

Компаниите ќе имаат можност да ја презентираат својата работа, и да ги истакнат потребите кои ги имаат за следни вработувања, додека пак, невработените ќе имаат можност да ги слушнат искуствата кои компаниите ги стекнале преку отворање можност за практикантска работа, и одблизу да се запознаат со условите за практиканство во компаниите. Исто така, на настанот ќе биде презентирана и можноста невработените да се вклучат како практиканти во Работниот клуб кој ќе се отвори во Општината Крива Паланка.

Деталната агенда за настанот, ја испраќаме во прилог.

Би ни било задоволство доколку ја прифатите поканата за учество и дадете свој придонес на настанот.

Ве молиме, Вашето присуство да го најавите на следната адреса: pcelaveles@yahoo.com

Со почит,

Тимот на проектот:

Создавање можности за вработување на младите од руралните средини

Дневен ред за промоција на проектот „Создавање можности за младите од руралните средини

http://cea.org.mk/povik-za-uchesnitsi-na-besplatni-obuki-za-zgolemuvane-na-vrabotlivosta-na-mladite-od-sipr/

facebooktwittergoogle_pluslinkedin