Едукација на учениците од четвртто одделение на теми од областа на безбедноста и здравјето

Пивара Скопје АД реализира 45 минутна презентација на сите учениците од четвртто одделение во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово на теми од областа на безбедноста и здравјето на учениците во нивната работна средина и надвор од неа.

13224972_10206459548513725_183651785_o

Предавањето беше извршено од стручно лице вработено во Пивара Скопје АД со помош на подготвена презентација, која е прилагодена на возраста на слушателите.

Превземи: Здравја и безбедност за безбедни школски денови

Реализираните различни програми во областа на здравјето и безбедноста при работа компанијата Пивара Скопје АД реализира и проект наменет за едукација на ученици од четвртто одделение на теми релевантни за децата на таа возраст и тоа: правилно седење во училишна клупа, правилно држење на телото при пишување и работа на компјутер, спречување на лизгање, препнување и паѓање, правилно однесување при појава на пожар. Сите овие теми се од големо значење за здравјето и безбедноста во училишната средина.

13228059_10206459550113765_1094742598_n                        13245948_10206459551673804_351235651_n

facebooktwittergoogle_pluslinkedin