Се асфалтираат патишта во Страцин и Шопско Рударе

Жителите на кратовското село Страцин, кое се наоѓа на магистралниот пат Куманово – Деве Баир, добија нови асфалтирани улици, со што ќе се подобри квалитетот на живеење во нивното село. Во ова населено место долги години се случува масовно мигрирање на населението во поголемите градови, токму поради лошата инфраструктура и неможноста да се егзистира од земјоделие и сточарство. Сега, со новиот асфалт, тие добија пристап до своите ниви со механизација и се надеваат дека миграцијата ќе престане. Покрај улици во Страцин, градоначалникот на Кратово најави инфраструктурни зафати и во други рурални населби во општината.

56afff8db76f0530395eac90114413e66cd895f9_406x223_Q75
– Деновиве во маалото Лепановце се асфалтираше улица во должина од 400 метри, а асфалт доби и улицата која води до црквата во селото Страцин. Овие пари се обезбедени преку Владата на Република Македонија, односно преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството. Истовремено, преку Агенцијата се работи и на изградба на локалниот пат од село Шопско Рударе до манастирот Петти кладенци. Во моментов се врши тампонирање на патот и во наредните 15-20 дена ќе биде завршено асфалтирањето, вели градоначалникот Мите Андоновски.
Исто така преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството обезбедени се 20 милиони денари за асфалтирање на локалниот пат од село Каврак до браната Злетовица.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin