Триесет и седмата седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и седмата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и седмата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 31.05.2016 година (вторник) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  • Предлог – Записник од триесет и шестата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 28.04.2016 година;
  1. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кратово за првиот квартал од 2016 година;
  2. Предлог – Буџетски календар за донесување на Буџетот на Општина Кратово за 2017 година;
  3. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2016 година;
  4. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за ажурирање на Процената на загрозеноста на подрачјето на Општина Кратово од сите ризици и опасности;
  5. Прашања и предлози;

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

                                                                                                                                                                                                                                   Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin