Богата културно-уметничка програма „Денот на културата“ во сабота во Кратово

Веќе традиционално и ова година во сабота (11.06.2016 година) во Кратово ќе се одржи манифестацијата насловена како Ден на културата 2016.

Настанот ќе се одржи пред платото на Домот на културата „Лазар Софијанов“ со почеток од 18 часот,  на кој учество ќе земат повеќе културно уметнички друштва од повеќе градови на Македонија меѓутоа гости ќе има и од Црна Гора.

Програма:

  • 17.00 ч. Приготвување на тиганици на саџак;
  • 18.00 ч. Дефиле низ Плоштадот Маршал Тито во градот со песни и свирки од пред Хотел „Кратис“ до Дом на културата;
  • 18.30 ч. Поздравно обраќање на г-дин Мите Андоновски, Градоначалник на општина и отварање на манифестацијата Ден на културата 2016;
  • 18.45 ч. Културно уметничка програма:
  1. КУД „Ефрем Каранов“, Кратово;
  2. ФА „Оро“ Даниловград, Црна Гора;
  3. КУД „Везилка“, Прилеп;
  4. ФС „Плетеница“ Скопје;
  5. КУЗ „Карпош“, Крива Паланка;
  6. КУД „Рако Мугуша“ Подгорица, Црна Гора;
  7. ФА „Љупчо Сантов“, Кочани;
  8. КУД „Илинден“, Кривогаштани.
facebooktwittergoogle_pluslinkedin