Започна 23-тата Меѓународна Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратово

Дваесет и пет уметници и четворица ментори од Македонија и соседните земји: Република Бугарија, Софија и Србија, Сокобања од 13 Јуни (понеделник) до 17 јуни (петок) 2016 година во организација на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово учествуваат на 23-тата по ред Меѓународната Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратово.

Темата на колонијата на која работат уметниците заедно со своите ментори е „Староградска архитектура на Кратово“download

На Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“  во изминатите години учествувале голем број млади ликовни уметници-таленти од повеќе градови од земјава: Куманово, Прилеп, Кочани, Македонски Брод, Ново Село, Кратово и од други држави, кои преку сликарските четкички ја прикажуваат старата кратовска архитектура со акцент на старите кули, мостови, куќи, а делата што се создаваат во нејзини рамки се изложуваат на многу поставки во земјава.

download (1)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin