Изложба на Полската школа на плакат во Кратово

Изложбата на плакати од 1950 година ќе биде отворена во четврток (23.06.2016 год.) во 12 часот во Музеј на град Кратово од врвни полски и европски мајстори на уметноста.

Доцните 1950-ти посведочија величествен пример на експлозија на „модерност“ во полската уметност. Ова, исто така, беа и годините во кои Полскaтa школa за постери стана познатa со името на Хенрик Томашевски (1914–2005) како водечка фигура. Постерската уметност создадена во Полска, беше филозофска, кратка и минималистичка до работ на апстракција, истовремено, заштитувајќи ги амбициите на пошироката општествена резонанса. Почетоците на Полската школа на плакат биле означени со моменталната либерализација на Комунистичкиот систем. Концептот на визуелна комуникација оформен од полските дизајнери на постери во 1950-те и 1960-те сè уште е валиден и денес. Сугестивната моќ и дрските алузии сè уште се живи.

13516492_307326262937206_2646200547650987467_n

Многумина уметници со задоволство ѝ се навраќале, креативно проширувајќи ја во 1990-те и подоцна. Полската школа за постери генерално може да се подели на три периоди: (1) годините на социјалистичкиот реализам 1944–56, (2) периодот кога школата доживеала процвет (1956–1980) и (3) годините на движењето „Солидарност“ (1980–90) и конечно, периодот на трансформација (1990 па сè до денес). Сликарските потези, хуморот и силната индивидуалност на секој автор зборуваат низ секое дело. Ова се особеностите кои од Полската школа за постери направија пионер во замаглувањето на дистинкцијата помеѓу дизајнерот и уметникот. Децении подоцна, младите таленти од цела Полска продолжуваат со свој динамичен стил, достоен на нивните предци. Меѓу делата изложени тука се наоѓаат постери на неколку генерации графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност: Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швјежи и Томашевски меѓу другите главно го покриваат периодот од раните 1980-ти со значителен број нови постери. Уживајте!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin