Златковата кула во Кратово во ново руво

По две години реставрациски и конзерваторски активности, Златкова кула во Кратово денеска свечено беше пуштена во употреба од страна на американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Овој споменик на културата од 14-ти век доби комплетно нов ентериерен лик и хортикултурно уредување околу кулата. Во кулата е сместена спомен соба на православниот светител Свети Ѓорѓи Кратовски, сувенирница и културно-информативен центар.

– Овој исклучително значаен проект со кој ревитализиравме еден вреден сегмент од нашето наследство е резултат на одличната соработка меѓу Министерството за култура, Амбасадата на САД во Македонија и општина Кратово. Амбасадата за ентериерно уредување на Кулата, изградена во 1365 година додели средства од Амбасадорскиот фонд за културна заштита.

Уредена е спомен собата на altмакедонскиот православен светител свети Ѓорѓи Кратовски, каде е сместена постојана поставка на стари книги  од 17-18 век, слики и резби со ликот на св.Ѓорѓи, како и артефакти пронајдени за време на археолошките истражувања на просторот околу Кулата, рече Канческа-Милевска.

alt

Покрај средствата од Министерството за култура, во уредување на кулата 97.000 долари вложи и американската амбасада. Амбасадорот Бејли истакна дека Соединетите Американски држави преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита досега издвоиле околу милион долари за реставрација на 12 културни локалитети во земјава. Тоа е доказ, вели Бејли, за длабокото пријателство меѓу двете земји, и секако говори за почитта што САД ја имаат кон наследството на Македонија.

Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, во знак на благодарност, му подари уметничка слика од Детската ликовна колонија и метална тока со мотиви од кратовско.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin