Авионско третирање против комарци – 04.07.2016 год. (понеделник)

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Кратово ја информира јавноста дека првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 04-ти Јули (понеделник) 2016 год. во периодот од 05:00 до 09:00 часот. Доколку ако временските услови не дозволуваат, авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 5-ти Јули (вторник) 2016 год.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с. Кетеново и целото градско подрачје.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin