Поп – рок составот „Пеперминт“ со концерт на Градскиот плоштад во Кратово

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран 2016“  во организација на општина Кратово а со финансиска подддршка од Министертвото за култура на Р.М,  поп рок составот „Пеперминт“ ќе одржи целовечерен концерт на Градскиот плоштад во Кратово на 21.07.2016 година (четврток) со почеток од 21.00 часот.

1920381_320897631403822_7247510260728430198_n

Пеперминт е музичка група што постои од 1999 година, популарна меѓу младата и постарата публика со своите хитови: „ДЕВОЈКАТА СО ТОЧАКОТ„ „АМА АКО„ „АВТОБУС„ „ТВОЕТО КУЧЕ„ „ПЕСНА„ и др. Познати се и како резидент бенд во емисијата „ЕДЕН НА ЕДЕН„ веќе 3 години, добитници на „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА„ „НАЈУСПЕШНА ГРУПА„ во емисијата „БЕКСТЕЈЏ„ Една од ретките групи што непосредно учествувале во емисијата „5+ Петко„ познати по своите настапи низ цела МАКЕДОНИЈА. Познати по својот уникатен хумор и позитивните пораки за мир,љубов и меѓусебно разбирање.

Во музиката на овој македонски популарен бенд ќе можат да уживаат сите граѓани на општина Кратово. Секако добредојдени се и сите гости од соседните општини и пошироко кои сакаат да уживаат во добрата музика во амбиентот на древното Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin