ЈАВЕН ОГЛАС до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Општина Кратово во соработка со Агенцијата за вработување на РМ и Програмата за развој на Обединетите Нации ја објавува програмата

Општинско корисна работа 2016

Трета година по ред општина Кратово ќе ја реализира оваа програма преку проектот насловен ,„Заедно сме посилни“ во чии рамки ќе се реализираат следните активности:

-Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови

-Надополнување на воспитно – образовната дејност во воспитно – образовните и згрижувачки установи со активности од областа на физичката култура и музичката уметност

-Надополнување на човечкиот капитал во општината со патролен социјален работник и патролен психолог

Проектот „ Заедно сме посилни“ превдвидено е да трае 6 месеци, започнувајќи од 1 -ви септември 2016 година.

Во рамките на овој проект ќе бидат ангажирани 9 (девет) невработени лица на следните работни позиции:

– Давател на социјални услуги на стари и изнемоштени лица /Негувател (5 лица)

– Соработник за физичка култура (1 лице)

– Соработник за музичка култура (1 лице)

– Патролен социјален работник (1 лице)

– Патролен психолог (1 лице)

Јавниот оглас за евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско корисна работа на ден 08.08.2016 година е објавен на огласна табла во општина Кратово, Центар за вработување – Кратово и Центар за социјална работа Кратово.

Исто така сите заинтересирани граѓани кои би сакале да ги користат услугите од активноста Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови можат да се информираат и пријават во општина Кратово на тел.број 031/481 202.

Со цел подобра информираност на заинтересираните невработени лица и крајни корисници ќе биде организирана Информативна средба во општинската сала на ден 16.08.201 година од 11.00 часот.

Оглас: Oglas za OKR 2016-fin

Можете да го превземете флаерот.  OKR – A5 flaer-final

facebooktwittergoogle_pluslinkedin