„Парче душа“ сценски приказ на македонска љубовна и родољубна поезија

„Парче душа“
сценски приказ на македонска љубовна и родољубна поезија
11.08.2016 год. Плато пред Дом на култура и Музеј на град Кратово (Кино Сала)
почеток : 20.00 часот
„Парче душа“ неброено пати се изведува ширум Македонија. Насекаде наидува на душевен одзив, нескриена наклонетост и искрена човечка возбуда често доведена до по некоја солза. И мир и спокојство во душата. „Парче душа“ е убаво поминат час со слики, луѓе и настани од нашиот, македонски живот… Тука ќе ги „видите“ комитите и Марко Крале, Тешкото, Охрид и Дојран, Гоце, Пере, Даме... чешмите и пиперките, Св. Спиридон и ангелот на Св. Софија, нашите мајки и сестри, убавите жени македонски, реките, полињата и шумите македонски...Ќе ја доживеете МАКЕДОНИЈА. Вашата Македонија! Онаква каква што сте ја запомиле и која ја посакувате.
НАСТАПУВААТ: Љупчо Тодоровски – Упа со музичка придружба на Тимко Чичаковски нa канон.
facebooktwittergoogle_pluslinkedin