Во општина Кратово беше одржана Информативна средба за програмата Општинско корисна работа

Во општина Кратово беше одржана Информативна средба за програмата Општинско корисна
работа
На ден 16.08.2016 година во просториите на општина Кратово се одржа Информативна средба за програмата Општинско корисна работа. На средбата пред присутните невработени лица и претставниците од партнер институциите на проектот беше презентиран овогодинешниот
проект насловен „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ од страна на општинскиот коррдинатор како и претставници од Центарот за социјална работа и Центар за вработување – Кратово.
Програмата општинско корисна работа веќе две години успешно се реализра од страна на општина Кратово во соработка со Агенција за вработување на РМ и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). Оваа година по трет пат од месец септември ќе започне реализацијата на проектот насловен како „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ во чии рамки ќе се реализираат следните активности:
-Грижа и помош за стари и изнемоштени лица во домашни услови;
-Надполонување на воспитно – образовната дејност во воспитно – образовните и згрижувачки установи со активности од областа на физичката култура и музичката уметност;
– Надополнување на човечкиот капитал во општината со патролен социјален работник и патролен психолог.
За реализација на наведените активности ќе бидат ангажирани 9 невработени лица на следните работни позиции:
– Даветел на социјални услуги на стари и изнемоштени лица / Негувател ( 5 лица)
– Соработник за физичка култура ( 1 лице)
– Соработник за музичка уметност ( 1 лице)
– Патролен социјален работник ( 1 лице)
– Патролен психолог (1 лице)
Јавниот оглас за евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско корисна работа е објавен ден 08.08.2016 година и истиот е достапен на веб страницата на општина Кратово (www.opstinanakratovo.gov.mk).
Сите заинтересирани невработени лица Пријави за учество во Програмата можат да подигнат и поднесат во Центар за вработување – Кратово до 19.08.2016 година.
Исто така сите заинтересирани граѓани кои би сакале да ги користат услугите од активноста Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови можат да се информираат и пријават во општина Кратово на тел.број 031/481 202.
Подетални информации можете да добитее во Општина кратово, Центар за вработување – Кратово или Центар за социјална работа – Кратово.
facebooktwittergoogle_pluslinkedin