Заврши асфалтирањето на локалниот пат с.Шопско Рударе-5те Кладенци

Општина Кратово ги реализира завршните градежни активности околу изградба на локалниот пат с. Шопско Рударе до Манастир 5-те Кладенци кој е во должина од 1600 метри.

Исто така завршена е и изградбата на селските улици во с.Страцин кои се изградени со финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) со вредност од 10.003.180,оо денари во должина од 1 км.

Во тек е асфалтирање на патот во с.Каврак, односно патот кој селото Каврак се спојува со патот од селото Злетово до браната „Кнежево“ во должина околу 2 км. И за овој проект одобрени се средства од АФЗПРР во висина од 18.534.790,оо денари. Патот е со ширина од 3,5 метри, а заради подобро функционирање на патот коловозот на некои места е проширен со ширина од по 2 метри и должина од 24 метри.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin