Активно се работи на градскиот пазар во Кратово

Изградбата на нов градски пазар и изградбата на нов паркинг-простор на улицата „Св.Ѓорѓи Кратовски“ е во полн ек.

Комплетната проектна документација која беше одобрена од страна на Министерството за финансии и воедно одобрена од Светска банка за кредитирање, со потпишувањето на договорот со Министерството за финансии и со претставникот на ЕУ, Аиво Орав минатата година Кратово доби грант во висина од 260.000 евра. Во реализацијата на овој капитален проект Општина Кратово учествува со 10 отсто сопствени средства.

DSC04225 DSC04226

До крајот на годината ќе треба да добиеме модерен градски пазар, кој ќе ги задоволи сите нивни потреби за удобно пазарување.

Проектот опфаќа комплетна изградба на нов зелен пазар во општина Кратово. Со изградбата на пазарот ќе се воспостави простор што може функционално да ги задоволи потребите на модерен зелен пазар. Продавањето на производите ќе биде распоредено во согласност со трајноста и типот на производите. Еднa од најзначајните придобивки од овој проект се подобрени санитарни и хигиенски услови за корисниците на објектот, со изградба и поврзување на објектот до инфраструктурната мрежа на градот. Со планираната изградба на систем за водоснабдување и доведување вода ќе се овозможи изградба на тоалети за трговци и посетители во посебен дел од објектот. Исто така регулирањето на сообраќајот е една од придобивките од изградбата на новиот пазар. Сообраќајното решение е во согласност со Генералниот урбанистички план на град Кратово. Посетителите ќе ги користат двата влеза на страната на улицата, а испорака на производите на влезот е решен со влез и излез преку контролирани влезови.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin