Триесет и деветта седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и деветта седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и деветта седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 31.08.2016 година (среда) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од триесет и осмата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 29.06.2016 година;

  1. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за составот и начинот на работата на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово;
  2. Предлог – Одлука за реонизација на Основното и Подрачните училишта на територијата на општина Кратово;
  3. Предлог – Решение за давање согласност за формирање и работа на чисти паралелки со помалку од 24 ученици и за формирање и работа на конбинирани паралелки во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2016/2017 година;
  4. Предлог – Решение за давање на согласност за формирање и работа на паралелки во кои бројот на ученици е помал од 25 во учебната 2016/2017 година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово;
  5. Информација со Предлог – Заклучок за усвојување на Информацијата за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првите шест месеци од 2016 година на Полициска станица од општа надлежност Кратово;
  6. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin