Изложба на слики од Данчо Ордев

Во салонот на Музеј на град Кратово во среда (07.09.2016 година) со почеток во 12 и 30 часот ќе биде отворена Изложбата на слики од Данчо Ордев. 

Tvorestvoto-na-Danco-Ordev-pred-prilepcani Данчо Ордев е роден на 7.5.1945 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност (отсек сликарство) во Загреб во 1969 година. Член е на ДЛУМ од 1973 година. Работел како редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, во Скопје.

Има реализирано самостојни изложби во Загреб, Скопје, Битола, Струга, Прилеп, Велес, Осијек, Гостивар, Кичево, Струмица, Хелсинки, Брисел.

Учествувал во повеќе групни изложби, меѓу кои во Загреб, Белград, Скопје, Бања Лука, Струмица, Куманово, Струга, Марибор, Чачак, Зрењанин, Задар, Сараево, Љубљана, Нови Сад, Дорјан, Битола, Гостивар, Гевгелија, Кавадарци, Њујорк и др.

14034700_10202035986618108_8874974121122667406_n dancoordev

facebooktwittergoogle_pluslinkedin