Денеска започна асфалтирањето-крпење на ударни дупки на улиците Никола Тесла, Михајло Апостолски и Митко Димитров

Во рамките на Програмата за санација и асфалтирање на делови на улици и крпење на ударни дупки на улици и локални патишта за 2016 година на територија на Општина Кратово, денеска започна и спроведувањето на градежни активности околу асфалтирање на делови од оштетените улици во некои населби во општината.

Целосно е завршена улицата Никола Тесла од населбата Вршник и улиците Михајло Апостолски и Митко Димитров во Царина маало, а активностите за крпење на ударни дупки на улиците ќе продолжат утре на останатите делови на територијата на општина Кратово.

Изведувач на градежите работи е градежната фирма „Аква Розита“  ДООЕЛ од Кратово.

14169528_944893215657089_1706223366_n 14182325_944893222323755_1913603683_n 14182360_944893205657090_204061344_n

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin