Четврток 8-ми Септември – Ден на независноста

Денот на независноста 8 септември во Македонија се слави од 1991 година. На тој ден македонскиот народ, излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 8-ми Септември годинава се одбележуваат јубилејни 25 години, и тој ден  ќе биде неработен ден за сите граѓани.

По тој повод одбележувањето на државниот празник „ 8 ми Септември“ – Ден на независноста, а по препорака на Владата на РМ во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ на 07.09.2016 година (среда) ќе се одржи Концерт на КУД „ Ефрем Каранов“ со почеток од 19.00 часот на платото пред Дом на култура „ Лазар Софијанов“ – Кратово (Кино – сала). Исто така за сите посетители ќе биде отворена и изложбата на слики од 23-та Меѓународна детска ликовна колонија во галеријата на Дом на културата – Кратово.
Влезот за оваа манифестација е бесплатен за сите граѓани.

Во склоп на манифестацијата „Бела ноќ“ се продолжува и работното време на сите угостителски објекти во општината за два (2) часа на 7-ми Септември 2016 година (среда).

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите

граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена

и самостојна Македонија“ – Киро Глигоров 

(со овие зборови пред 25 години тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin