Ден на ослободување на град Кратово (6-ти септември)

По повод Ден на ослободување на град Кратово (6-ти септември) денеска беше положено свежо цвеќе на Спомен костурницата на загинатите борци од Кратово и на бистите на големите борци Тошо Куковски, Јове Гичев кои загинале во далечната 1944 година за слобода на Македонија.

Носители на одбележувањето на ослободувањето на Кратово беа општинските одбори на СЗБ од НОАВМ, со поддршка на единицата на локалната самоуправа на Кратово. За ослободувањето на Кратово пригодно обраќање имаше претседателот на Боречката организација Миле Марковски.

Во рамките на програмата за одбележување на ослободување на Кратово беше отворена и  изложбата на дела на 23-тата Меѓународна Детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ 2016 во галеријата на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin