Четириесетта седница на Совет на Општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на  четириесеттата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам четириесеттата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 30.09.2016 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од триесет и деветтата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 31.08.2016 година;

  1. Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буцетот на Општина Кратово за вториот квартален од 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација во Општина Кратово;
  3. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за учебната 2015/2016;
  4. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за учебната 2016/2017;
  5. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2015/2016;
  6. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2016/2017;
  7. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Ученички дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2015/2016;
  8. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за воспитно-образовна работа на Ученички дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2016/2017;
  9. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово за учебната 2015/2016;
  10. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово за учебната 2016/2017;
  11. Предлог-Заклучок за отварање на дисперзирани студии за ликовна уметност;
  12. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin