ЧЕСТИТ СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ- 5 ОКТОМВРИ

Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.

Денеска 5-ти Октомври се одбележува Светскиот ден на учителите, а воедно секоја година, првата седмица од месец октомври (5 – 9 Октомври) им се посветува на децата под мотото Детска недела – па по тој повод учениците од прво одделение од основното училиште „Кочо Рацин“ и нивните учителки денеска беа во посета на општината.

Акцентот на нивните желби при првата посета во општината беше за детски игралишта, мали спортски терени, простории за творештво…

Секретарот на општина Радмила С. Китанова им се заблагодари за нивните посета денеска и им посака среќа и успех во понатамошните училишни денови.

Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти!
 
ВЕЧЕН ДА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ!

Катерина Станковиќ

facebooktwittergoogle_pluslinkedin