Претставата „Детски Парламент“ од Кратово успеа да се пласира на Интернационалниот Драмски Фестивал „ИГРИ БЕЗ МАСКА“

Претставата „Детски Парлемент“ на ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово во соработка со Дневниот Центар за лица со телесна или ментална попреченост од Кратово освои награда на Драмскиот фетсивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА!

На 14.10.2016 година во Драмскиот Театар во Скопје учениците од ООУ „Кочо Рацин“ заедно со децата од Дневниот Центар, под раководство на своите ментори, ја одиграа претставата „Детски Парлемент“, со што ги воодушевија членовите на жири комисијата, особено со силната порака за детските права која што ја испратија.

Исто така во рамките на фестивалот се претставија и учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово со претставата „Покондурена тиква“ со која исто така наидоа на прекрасен прием.

Претставата „Детски Парлемент“ заедно со уште три останати претстави од Република Македонија успеаа да се пласираат на Меѓународниот драмски фестивал „ Игри без маска “ кој треба да се одржи во мај 2017 година.

Децата заедно со наставнивниците како и сите поддржувачи од Кратово си отидоа пресреќни и задоволни поради постигнатиот успех.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin