СООПШТЕНИЕ-„КОМПИРИЈАДА – КРАТОВО 2016“

СООПШТЕНИЕ

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на манифестацијата „КОМПИРИЈАДА – КРАТОВО 2016“ која трета година по ред се одржува под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел промоција и презентација на единствениот кратовски компир како наше земјоделско и гастрономско обележје, Ве покануваме да присуствувате но и самите да земете учество на оваа манифестација.

Манифестацијата ќе се одржи на 29.10.2016 година (сабота) на Градскиот плоштад со почеток од 11.00 часот.

Сите оние кои сакаат да земат учество на изложбените штандови каде ќе се презентираат специјалитети направени од компир да се пријават на тел.број 031/481 202 или во просториите на општина Кратово најдоцна до 26.10.2016 година (среда). За најуспешните учесници предвидени се богати награди.

Исто така отворена е можноста и за сите оние сакаат да закупат простор за комерцијални штандови со цел продажба на производи од компир и слично, да се пријават на горенаведениот телефонски број или во просториите на општината.

Општина Кратово

KOMPIRIJADA-posterB2kompirijada-2016_flaer-a5_preview-01KOMPIRIJADA-posterB2

facebooktwittergoogle_pluslinkedin