Локалната власт во општината Кратово изгради две нови детски забавни игралишта во различни населени места во општината – маала Царина и маала Цигански лозја.
Игралиштата се со големина од 6 х 12 метри со вградени бетонски рабници и тампонирано со дробен камен.
Од реквизити има лизгалачка со скали за качување 180х310, вртелешка 120х120, двојна лулашка 100х250, една клацкалка 36х230 и качувалка со димензии од 80х115.
Околу забавните игралишта монтирани се две клупи за седење и две канти за ѓубре.
Средствата за завршените две детски игралишта изнесува околу 580.000 денари и се обезбедени од буџетот на општина Кратово. Изведувач на работите е Престиж ДОО с. Јакимово, Виница.



