Четириесет и втора седница на Совет на Општина Кратово

РЕШЕНИЕ

за свикување на  четириесет и втората седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам четириесет и втора седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 09.11.2016 година (среда) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Кратово за 2016 година (ребаланс на Буџетот);
  2. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово од областа на културата за 2017 година;
  3.  Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Кратово во областа на здравството и социјалната заштита за 2017 година;
  4. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за поддршка на спортски активности во Општина Кратово за 2017 година;
  5. Предлог  – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово;
  6. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin