Соопштение за хуманитарна акција „Да бидеме хумани“

logo
Во рамките на проектот Општинско – корисна работа „Заедно сме посилни”, реализиран од Општина Кратово, организираме хуманитарна акција „Да бидеме хумани“ за донирање на храна (зимници) за социјално загрозени лица/семејства, од Општината.
Сите хумани граѓани кои сакаат да донираат истото можат да го направат на штандовите за донација, кои ќе бидат поставени на Градскиот плоштад.
Хуманитарната акција ќе се одржи на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година (четврток и петок), од 09.00-13.00 часот.

Да бидеме хумани! Заедно сме посилни!

Соопштение-хуманитарна акција

facebooktwittergoogle_pluslinkedin