Донациите во парични средства собрани за време на хуманитарната акција во рамките на манифестацијата „Кратовска Комиријада – 2016“ беа наменети за најранливите категори на граѓани од општината.
Претставници од Општина Кратово во соработка со претставници од Центарот за социјална работа – Кратово од донираните средства набавија прехранбени производи и предмети за домаќинство и истите ги предадоа на лицата на кои оваа помош им беше најнеопходна.
Срдечно им благодариме на сите хумани граѓани кои донираа и помогнаа!
(*Дел од лицата на кои им беа наменети донациите се прикажани на фотографиите во прилог)



