„Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

На територијата на градот Кратово се засадија повеќе различни видови на дрвја, дел листопадни, дел зимзелени, во рамки на традиционалната манифестација „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, која се одржува по 17-ти пат.
– Во есенската акција спроведена денес во Кратово, во атарот на селото Крилатица, беа засадени голем број садници од вкупно 12.000 садници, колку што планираме во следните денови да засадиме. Се засадуваа чемпрес, багрем, смрека и доглазија, дрвја кои одлично виреат во нашиот регион. Акцијата сметам дека е успешна, затоа што голем број ученици и граѓани на Кратово излегоа и засадија дрвца – вели Горан Колевски, директор на кратовската подружница на ЈП „Македонски шуми“.
Во денешната акција активно учество зедоа и основните и средните училишта преку организирање на наставен ден со посебна програма и со организиран автобуски превоз стигнаа до локацијата на која се засадуваше.О.А.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin