По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност 3-ти декември делегација од општина Кратово денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби.
Општина Кратово постојано го поддржува Центарот за деца со посебни потреби, така е и денес по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. И не само што доаѓаме и го посетуваме овој Центар за ваквите денови туку постојано им помагаме на овие дечиња се со цел тие да имаат што подобри услови тука и што подобро да вклопат во општеството.
Дечињата кои го посетуваат овој Центар изведоа пригодна програма по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. Во Дневниот центар се згрижени околу 10-тина дечиња, на кои им е обезбеден превоз од домот на секое дете до Дневниот центар и кои добиваат доручек и ручек.
Основната функција на Дневниот центар е дечињата да излезат од своите семејства, да се дружат и да имаат активности со дечиња од нивната возраст.



