Сабота, новогодишен концерт на КУД „Ефрем Каранов“

Во Мултимедијалниот центар (Кино сала) во сабота – 17.12.2016 година ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на КУД „Ефрем Каранов“ Кратово кој ќе го води професорот Љупчо Маринковски. Почетокот на концертот е закажан за 18 часот.

Во рамките на програмата на Новогодишниот концерт освен што ќе се претстават КУД „Ефрем Каранов“, културно уметничко друштво кое работи во склоп на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово ќе гостуваат и КУД „Керамичар “ од Велес и „Круме Спасовски“ од Скопје.

Новогодишниот концерт е важен настан во годината, бидејќи е наменет за нашата публика, Кратовската. Секоја година се стремиме тој да биде различен и поубав од предходниот концерт.

dsc_0421dsc_0432

facebooktwittergoogle_pluslinkedin