Хуманитарната акција за донирање на зимници и храна во рамиките на општинскиот проект „Заедно сме посилни“ успешно завршена

Зимниците собрани за време на хуманитарната акција „Да бидеме хумани“ реализирана во рамките на проектот „Заедно сме посилни“ во текот на изминатиот месец беа доставени до социјално загрозените граѓани. Во рамките на оваа хуманитарна акција, благодарение на добронамерните граѓани беа собрани околу 130 тегли со зимници и останати прехранбени производи кои од страна на ангажираниот патролен социјален работник и патролен психолог во рамките на проектот Општинско корисна работа во соработка со претставници од Центарот за социјална работа – Кратово и општина Кратово беа дистрибуирани до најзагрозените семејства и лица.

(Намирниците беа донирани до корисниците на народната кујна и останати социјално загрозени лица и семејства).

Благодариме на сите хумани сограѓани за нивната добра волја.

Заедно сме посилни и подобри!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin