МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ

ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

05.01.2017 година 13.00 часот

Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово

Влезот е слободен

Веќе петта година по ред, во организација на општина Кратово и Музејот на град Кратово, традиционално се одржува  Мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“.

И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“.

На концертот исто така учество ќе земат и децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.

Концертот ќе има хуманитарен карактер, сите донирани средства ќе бидат наменети за нашиот сограѓанин Давид Стојановски кому што нашата помош и подршка сега му е најпотребна!

Дојдете заедно да ги припремиме срцата за големиот празник на Рождество Христово преку милосрдие и љубов! 
facebooktwittergoogle_pluslinkedin