Берење на БАДНИКОВО ГРАНЧЕ – 5 Јануари (четврток) 2017 год.

На 5-ти Јануари (четврток) 2017 год, по повод Христовото Раѓање „Божиќ“, општина Кратово ја организира манифестацијата „Бадниково гранче“ или „Берење на бадниково гранче“.

На местото викано Жгури во 11:00 часот заедно со општина Пробиштип пред огромен број граѓани ќе се берат и ќе се осветуваат бадниковите гранчиња.

По тој повод организиран е бесплатен автобус за граѓаните кои сакаат да бидат дел од оваа традиционална манифестација кој тргнува во 10 и 15 часот од автобуската станица Кратово, до месноста Жгури каде ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата наредната година.

Манифестацијата е пропратена со богата посна трпеза, греана ракија, чај и црвено вино.

Целиот настан е проследен со музика и општо народна веселба.

Православните христијани, вечерта спротив Божиќ, во домот внесуваат бадниково гранче. Традицијата на украсување на домот со бадникови гранчиња датира уште од 4 век. Бадниковото гранче е христијански симбол за здравје, живот и вечна среќа.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin