Понеделник, панихида за македонскиот револуционер Павел Шатев

Во Кратово на 30-ти Јануари 2017 година (понеделник) од 11 часот, каде што е поставена спомен бистата на Павел Шатев, ќе се одржи панахида со што ќе се одбележи годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, родољуб и публицист.180px-Pavel_Shatev

                   Пахида

Почит на последниот македонски гемиџија, револуционер, публицист, патриот и македонски интелектуалец, Павел Шатев кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело ќе се одржи во понеделник (30.01.2017 година) во 11 часот на спомен бистата во Кратово (поставена пред Основниот суд) со положување на свежо цвеќе.

Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба.

По ослободувањето на Македонија, Шатев трагично го заврши својот живот во битолската затворска болница во тешки услови. Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin