Четириесет и петтата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам четириесет и петтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 31.01.2017 година (вторник) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од четириесет и четврттата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 28.12.2016 година;

  1. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на Општина Кратово за 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за отстапување на Училишна спортска сала на управување и користење на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово;
  3. Предлог – Одлука за дополнување на Годишната Програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на Општина Кратово за 2017 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Основен сообраќаен проект за проектирање на физички мерки за смирување на сообраќајот во зона на основното и средното училиште во Општина Кратово;
  5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 2221/1 за КО Талашманце, Општина Кратово;
  6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 2796 и к.п.2130/6 за КО Шлегово, Општина Кратово ;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.477 за КО Филиповци, Општина Кратово;
  8. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 1490 и к.п. 1491 за КО Шлегово, Општина Кратово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 2648/1  за КО Кратово, Општина Кратово;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. 2947 и к.п.2935 за КО Кратово, Општина Кратово;
  11. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за културни активности и прослави на Општина Кратово за 2016;
  12. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за активности од областа на социјалната заштита на Општина Кратово за 2016;
  13. Општ годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за спортски активности на Општина Кратово за 2016;
  14. Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализираните активности предвидени со програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Општина Кратово за 2016;
  15. Извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за одржување на Градските гробишта во Општина Кратово за 2016 година на ЈП „Кратово“ – Кратово;
  16. Годишна (завршна) сметка со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна сметка на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово за 2016 година;
  17. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;
  18. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“ од Кратово;
  19. Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2016 година;
  20. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2016 година;
  21. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа и развој на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово за 2017 година;
  22. Годишен извештај со Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2016 година;
  23. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin