Понеделник, екстерно тестирање на матурантите

Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот испитен центар (ДИЦ) соопштија дека екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование ќе се спроведе од 30-ти јануари (понеделник) до 3-ти февруари (петок) годинава.

Во оваа сесија ќе бидат опфатени 18 600 ученици. Една недела пред тестирањето беше објавена информацијата за деновите на тестирањето, односно во средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ Кратово тестирањето ќе биде во понеделник (30.01.2017 год.) и четврток (02.02.2017 год.), а три дена пред тестирањето односно денес (27.01.2017 година) ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани.

Според МОН, екстерната проверка е во тој период согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, со која второто полугодие на учебната 2016/2017 година започна на 27 јануари.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 07.02.2017 год.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin