АНКЕТНО ПРОУЧУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

Здружението “Младински општински совет – Ќустендил” во партнерство со здружението “Регионален центар за соработка – Спектар”, гр. Крива Паланка, Македонија, спроведуваат истражување на тема “Можности и предизвици обезбедувањето на квалитетни туристички услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија “.
Иницијативата е во рамките на проектот “STEPS – Поддршка за претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот”, кој е кофинансиран од Европската унија и Република Бугарија и Македонија преку Програмата ИНТЕРРЕГ-ИПА ПС Бугарија-Македонија.
Целта на анкетата и истражувањето е да се процени статусот на туристичките услуги и производи во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија и на таа основа ќе се изготват препораки за подобрувања, вклучувајќи квалификаци на персоналот во туризмот , маркетинг и рекламирање, како и претприемништвото во туристичкиот сектор.
Анкетата е насочена кон претставници на:
– Областни / Регионални органи на власт
– Органи на локалната власт
– бизнис
– Граѓанското општество
– Образовни / обучувачки организации
– Локално население
– Туристи, посетители, гости и други заинтересирани страни.

Линк кон анкетата –https://www.surveyrock.com/ts/7FQ66F

facebooktwittergoogle_pluslinkedin