Андоновски: Павел Шатев заслужува голем споменик во Кратово

Градскиот плоштад во Кратово, кој го носи името на револуционерот Павел Шатев, заслужува да добие и спомен-обележје на славниот гемиџија, заклучија кратовци. На 66-годишнината од смртта на Шатев, во родниот град на револуционерот се одржа панихида, на која општинските власти, Сојузот на борци и претставници на политички партии положија цвеќе пред скромната спомен биста, оддавајќи му почит на својот сограѓанин. Велат, прескромно е единственото обележје што го има славниот гемиџија во родниот град, една мала биста поставена пред општинскиот суд.

– Треба да направиме напори затоа што овој наш сограѓанин и револуционер заслужува да му се изгради еден голем споменик. Треба да се најдат финансиски средства и да се вложат сили, значи сите заеднички тоа да го направиме. Се надевам дека во наредните години ќе дојде до реализација на оваа идеја – рече градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.

За ликот и делото на Павел Шатев беседа одржа историчарот Миле Марковски, со надеж дека следната година чествувањето ќе се одржи на попригодно место и пред величествен споменик, каков што заслужува великанот од Кратово.  О.А.

http://www.aberdzija.com/gradska/andonovski-pavel-shatev-zasluzhuva-golem-spomenik-vo-kratovo.html

alt

http://www.aberdzija.com/gradska/andonovski-pavel-shatev-zasluzhuva-golem-spomenik-vo-kratovo.html

facebooktwittergoogle_pluslinkedin