ПАТРОН И ЗАШТИТНИК НА ГРАД КРАТОВО СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ

ВО СЛАВА И ЧЕСТ НА

ПАТРОНОТ И ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ КРАТОВО

СВЕТИОТ МАЧЕНИК ЃОРЃИ КРАТОВСКИ

ОПШТИНА КРАТОВО

ВО СОРАБОТКА СО

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

ВЕ ПОКАНУВА НА ПРОСЛАВА НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Кога градот Кратово и Македонската Православна Црква ќе му оддадат достојна почит преку организирање на патронска програма проследена со голема сенародна и духовна радост. Чествувањето на празникот ќе започне од 08.30 часот со Света Архиерејска Литургија во црковниот храм „Свети Ѓорѓи Кратовски“. Прославата продолжува на Градскиот Плоштад од 10.00 часот со богата културно уметничка програма и многубројни учесници, меѓу кои: КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово и гостите КУД „ИЗВОР“ од Јегуновце, како и познатиот македоскиот фолк пејач Круме Спасовски. Исто така во рамките на програмата од 11.00 часот ќе се одржи Водокрст на Градскиот плоштад.

Срдечно Ве покануваме сите заедно, достојно да го прославиме патрониот празник на градот Кратово посветен на Светиот новомаченик Ѓорѓи Кратовски.

За многу години!

Одбор за прослава при Општина Кратово

download

facebooktwittergoogle_pluslinkedin