Четириесет и седма седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на четириесет и седма седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 10.03.2017 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од четириесет и петтата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 31.01.2017 година;

– Предлог – Записник од четириесет и шестата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 08.02.2017 година;

  1. Годишна (завршна) сметка и Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна (завршна) сметка на Буџетот и Годишен извештај на Единицата на локалната самоуправа Кратово за 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за отпис на настанати долгови за комунална такса поради застареност и бришење од евиденција;
  3. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од урбана единица „1“ дел од Блок 2 – Кратово;
  4. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1931 и кп 1932 за КО Куклица, Општина Кратово;
  5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 34 за КО Филиповци, Општина Кратово;
  6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1339 за КО Тополовиќ, Општина Кратово ;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 125/2 и кп 125/3 за КО Луково, Општина Кратово;
  8. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 2056  за КО Кратово, Општина Кратово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 2052 за КО Кратово, Општина Кратово;
  10. Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ од Кратово;
  11. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ЈОУ Дом на културата „Лазар Софијанов“ од Кратово 2016 година;
  12. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово 2016 година;
  13. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово 2016 година;
  14. Информација за безбедносна состојба и преземени мерки од страна на Полициска станица од општа надлежност Кратово во текот на вторите шест месеци од 2016 година и
  15. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin