25-та МЕЃУНАРОДНА ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА во Кратово

На 09.03.2017 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во Изложбениот салон на Музеј на град Кратово ќе биде отворена изложбата на слики од 25-тата МЕЃУНАРОДНА ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА од Пробиштип. Организатор и координатор на колонијата е Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип.

les25-тата МЕЃУНАРОДНА ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА се одржа во период од 27.06 – 03.07.2016 година во просториите на старото училиште во с. Лесново, а учество зедоа вкупно 16 уметника, од кои 9 домашни (меѓу кои Новица Трајковски, Ѓоко Антониев, Андреј Маневски, Јулија Манојловска, Васил Гаврилов, Христина Стојчевска, Тони Величковски, Мики Иванов…); 3 странски уметници (меѓу кои Бисер Кирилов од Ќустендил, Република Бугарија, Жарко Вучковиќ од Горњи Милановац, Република Србија…) како и 4 аматери од Пробиштип. На колонијата беа насликани 24 платна како и една скулптура од гипс, а изложбата беше презентирана во Пробиштип.

Во Кратово истата ќе биде поставена до 20 март 2017 година.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin