Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2017 година

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/15, 31/16 и 163/16) Градоначалникот на општина Кратово го донесува следното

СООПШТЕНИЕ

се известуваат правните и физичките лица дека се распишува:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2017 година

Јавниот повик се распишува согласност член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/15, 31/16 и 163/16) во првиот квартал од 2017 година.

  • Во период од 30 дена сите заинтересирани правни и физички лица треба да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

  • Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или урбанистичко планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

  • Јавниот повик ќе трае од 15.03.2017 година до 15.04.2017 година сметано од објавата во дневниот весник Нова Македонија.

  • Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општина Кратово, на огласна табла на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општина Кратово.

  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма во архивата на општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат внесени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2017 година.

  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Градоначалник на општина Кратово

Мите Андоновски

Соопштение

facebooktwittergoogle_pluslinkedin