Наскоро започнува реконструкција на улица „Вера Јоциќ“

Наскоро започнува почетокот на градежните работи за реконструкција – обновување на улицата „Вера Јоциќ“ во Кратово. Трасата на улицата се протега од потег на спој со улица „Гоце Делчев“ и на крај завршува со раздвојувањето пред Градскиот стадион и тоа во должина од 581 м.

Во првата фаза ќе биде опфатено проширување на постоечкиот коловоз, при што стабилноста на новопроектираното решение треба да биде обезбедено со потпорна конструкција. Потпорната конструкција е проектирана како армирано – бетонски потпорен ѕид кој ќе е составен од два дела (првиот дел е со должина од 52.60 м, додека вториот дел е со должина од 13.50 м), дебелината на ѕидот ќе биде променлива по висина.

ул.Вера Јоциќ ул.Вера Јоциќул.Вера Јоциќ

Втората фаза ги опфаќа следните градежни работи на улицата „Вера Јоциќ“: ќе се изгребе постојниот и оштетен стар асфалт, целосно ќе се обнови носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалтен слој. Со проектот е предвидено и да се вградат бекатон-плочки на тротоарот, кое вградување на бекатон плочките ќе се изврши на слој од дробен камен.

Општина Кратово за овој зафат ќе одвои околу 5 (пет) милиони денари, а на терен ќе работат градежниците на „Силекс – Неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово.

Реконструкцијата на улица „Вера Јоциќ“, како една од најважните сообраќајници во општина Кратово, е од големо значење и ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од Градот, а со тоа се намалува и загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin