Учениците од четврто одделение во посета кај градоначалникот

Учениците од четврто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово заедно со нивните учителки денеска беа во посета на општина Кратово, а поводот за нивната посета беше изучување на методската единица Општина, по наставниот предмет Општество.

Учениците имаа средба со Градоначалникот Мите Андоновски и секретарот Радмила С.Китанова, каде им беше објаснета нивната функција во општината, структурата на советот, нивните задолженија, обврските на вработените во општината.

DSC04570

Детските интереси кои ги покажаа учениците за време на посетата преку поставените прашања беа различни, на кои Градоначалникот им одговараше.

Градоначалникот Андоновски посакувајќи им успех на учениците истакна дека наскоро ќе биде пуштена и новата спортска училишна сала до нивното училиште „Кочо Рацин“, изградба на баскет игралиште и изградба на две нови детски игралишта.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin