Во општина Кратово (м.в. Зорле маало и м.в. Мусала) изградени се уште две детски игралишта за најмладите и опремени се со детски реквизити. Игралиштата се ограничени со бетонски рабници и тампонирани со дробен камен, направена е и приодна патека во површина од 10м2 со бехатон.
На самите две детски игралишта поставени се следните детски реквизити:
- лизгалачка со скали за качување 180*310
- вртелешка 120*120
- двојна лулашка 100*250
- клацкалка 36*230
- играчка на федер коњче 77*35*71
- играчка на федер слонче 77*35*71



