Свечено отворен Новиот зелен пазар во Кратово

На наше големо задоволство и секако на големо задоволство на сите граѓани на општина Кратово, денеска на свечен чин беше отворен новиот зелен пазар во Кратово.

Новиот објект е лоциран  на местото на веќе постојниот пазар и претставува поголем и подобро организиран пазаришен простор кој е составен од: отворен зелен пазар, затворен објект за продажба на производи кои се чувствителни на надворешни влијанија (месо и млечни производи), обезбедени се санитарни и хигиенски услови, сообраќајница за пристап и испорака на18318885_10209489642818115_1611377449_o производи, како и паркинг простор.

Овој нов зелен пазар ќе обезбеди непречено извршување на непосредната трговија во услови на атрактивен и модерен пазаришен простор кој ги содржи сите придружни инфраструктурни објекти како што се: тоалети, паркинг простор, водоснабдување, канализација и снабдување со електрична енергија, и со соодветната и квалитетна инфраструктура директно придонесува кон урбано уредување на самата локација. Вкупната површина на урбаното земјиште изнесува 2.043 м2, со што самиот пазар зафаќа површина од 725 м2.

  18318339_10209489643978144_863727620_o

Сите жители на општина Кратово ќе имаат можност да ги користат услугите на пазарот, дел од нив како трговци, а дел како купувачи. Со изградбата на новиот објект се овозможува функционална употреба на пазарот и заштита на животната средина, како и здравјето на населението во општина Кратово. Со подобрување на санитарно – хигиенските и безбедносните услови на пазарот се обезбедувааат подобри услови за здрави и квалитетни производи со што се зголемува довербата кај купувачите и на комерцијалните активности и капацитетот на продажба на различни производи.

18318726_10209489643298127_1309110248_o

Градоначалникот на општина Кратово, г. Мите Андоновски им се обрати на присутните граѓани и на гостите Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, нашиот ценет сограѓанин г. Љубисав Иванов, министерот на МЗШВ г. Михаил Цветков, пратеникот Стојан Миланов, градоначалниците на општина Крива Паланка, Ранковци, Старо Нагоричане.

Кратка културно – уметничка програма ни приредија КУД „Ефрем Каранов“ кое повеќе години успешно работи во рамките на Домот на култура „Лазар Софијанов“ под раководство на кореографот Љупчо Маринковски.

                                                       18318802_10209489643378129_1527188813_o18318654_10209489642898117_262524452_o

facebooktwittergoogle_pluslinkedin