Отворена нова спортска сала за 252 ученици во Кратово

Учениците во ООУ „Кочо Рацин“ во Кратово од неодамна часовите по физичка култура ги одржуваат во нова спортска сала изградена во рамки на проектот на Министерството за образование и наука.

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.

Салата чини околу 24 милиони денари, изградена е за околу една година и е од особена важност за овој град, бидејќи освен учениците од училиштето во слободните термини ќе може да ја користат и граѓаните.

Во посета на новоизградената сала и на училиштето денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Ристовски истакна дека оваа сала чини околу 24 милини денари и оти уште едно ветување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е исполнето. Тој изрази задоволство и поради фактот што проектот за изградба на оваа сала е реализиран имајќи ги предвид лошите теренски услови и позицијата на која што таа е изградена. Ова е 64-та сала во рамките од оние што ги финансира МОН, а 101 имајќи ги предвид и спортските сали што се градат со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. Ристовски најави дека за многу кратко време ќе биде пуштена во употреба и салата во Штип.

Информираше дека во овој момент со финансиска поддршка на Министерството се градат уште седум спортски сали и тоа во Кавадарци, Крушево, Лабуништа и во други места и оти до крајот на годината треба да отпочне изградбата на уште шест вакви спортски сали. Во ООУ „Кочо Рацин“ во Кратово настава посетуваат 252 ученици (од петто до девето одделение). Инаку, во Кратово има околу 600 ученици.

Градоначалникот на Кратово г. Мите Андоновски рече дека постои традиција за спорт во Кратово притоа споменувајќи и тоа ракомет, карате, фудбал… Кажа дека е подготвен проект за уредување на просторот околу новата спортска сала и оти освен оваа сала во изминатиот период се изградени тениско игралиште и две комбинирани игралишта, како и дека е реновирано старото фудбалско игралиште.Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.

http://www.aberdzija.com/gradska/otvorena-nova-sportska-sala-za-252-uchenici-vo-kratovo.html

facebooktwittergoogle_pluslinkedin