Ученици од с. Туралево во посета на општината

Ученици од 1-во до 5-то одделение од подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ од селото Туралево денеска беа во посета на Општината Кратово, а во склоп на нивната настава по предметот општество каде се изучува и методската единица „Поставеност и работа на Општината“.

IMG_2343

Домаќин на учениците и нивниот одделенски наставник беше градоначалникот на општината Мите Андоновски.

Средбата се одржа во канцеларијата на Градоначалникот, каде учениците со серија прашања поврзани за лекцијата која ја обработуваа како дел од нивната теренска настава се интересираа за поставеноста, начинот на функционирањето и работењето на Советот, Градоначалникот и службите во општината.

Градоначалникот одговараше на сите нивни прашања притоа помагајќи им на децата преку јасни и за нивна возраст разбирливи одговори да им ја приближи проблематиката на неговото ангажирање како и за функционирањето на телата, органите и службите во општината.

Дружењето со учениците помина многу брзо на задоволство на гостите и домаќинот по што учениците од селото Туралево се упатија кон Музејот на град Кратово и разгледување на кулите и мостовите во градот, потоа посета на основното училиште и новата спортска сала, каде исто така имаа договорено средба за одржување на спортски наставен час, а за таа активност Градоначалникот им подари 2 (две) топки (фудбали) на учениците.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin