По седми пат во сабота – „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“- Кратово 2017

Под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на општина Кратово, здружението за култура и уметност „Св.Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово по седми пат ја организира меѓународната манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“– Кратово 2017.

Оваа манифестација е брендот на градот Кратово, вековна традиција на градење на македонската староградска песна, преку која истотака го промовиравме нашето културно и музичко творештво. 

Фестивалот е од меѓународен карактер и е ставен на Агендата на Европскиот тамбурашки сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг.

На фестивалот кој ќе се одржи на ден 08.07.2017 година (сабота) во 20.30 часот во Мултимедијалниот центар (Кино сала) ќе учествуваат оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од Европа кои во своите земји уживаат голема популарност. Фестивалот медиумски ќе биде покриен од неколку регионални и национални ТВ канали додека свои прилози од манифестацијата до јавноста ќе достават и останатите национални и меѓународни и електронски медиуми.

Оваа година на манифестацијата ќе настапат:

Тамбурашки оркестар „БЕЌАРУШЕ“ – ПОЖЕГА – Р. Хрватска,

Тамбурашки оркестар „ТАМБУРАТОРИУМ“ – ПАНЧЕВО – Р.Србија,

Тамбурашки оркестар РКУД „ПЕЛАГИЌ“ – БАЊА ЛУКА – Република Босна и Херцеговина,

Тамбурашки оркестар „КРАТОВСКИ ТАМБУРАШИ“ – Кратово – Република Македонија и

ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА ТАМБУРАШКА МУЗИКА – НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ

facebooktwittergoogle_pluslinkedin